 Peugeot 207 се појавува во ризичен момент кога на пазарот конкуренцијата е голема на нови возилата од овој тип (Mini Cooper SUV и Vauxhall Corsa 4x4). Ова SUV (special unit vehicle) како да е во роднинска врска со популарниот Ѕupermini, кое следната година ќе се придружи на класата на компактни теренски возила како MINI Monte и Vauxhall Corsa 4x4. Француската фабрика на автомобили за производството на 207 SUV ќе се здружи повторно со јапонскиот Mitsubishi. 207-цата ќе се базира на CX концептот, првпат виден на автомобилското шоу во Франкфурт, минатата година. Но, сепак ќе се каратеризира со свои црти базирани околу големите предни фарови и предната решетка која служи како трговска марка. Одвнатре се наоѓа капацитет за 5 седишта кои нудат доволен комфор како и дополнителни опции за панорамско кровно стакло и сателитска навигација. Моќта ќе пристига од 1.6-литарските дизел и бензински мотори.  Како што може да се види од сликите, прототиповите веќе се наоѓаат во тест фаза, што укажува на реалната процена дека новодојденецот ќе се појави на продажба на крајот на следната година. Пред тоа Peugeot планира да се пофали со новиот 308 CC на овогодинешниот саем во Париз.
Copyright 2007. All Rights Reserved. |